УНИКОНТ – биро за сметководствени услуги од 1989 година е присутно во својата дејсност и е едно од водечките сметководствени бироа во Скопје и Македонија.
Моментално со своите шест вработени сметководители, опслужува повеќе од 130 фирми од сите дејности на работење како: увоз и извоз, производство, услуги од сите области на работењето, трговија на мало во продавници, трговија на големо од магацин, приватни здравствени установи, здуженија, адвокати и нотари, трговци поединци.
УНИКОНТ – биро за сметководствени услуги е ПРВО и единствено СМЕТКОВОДСТВЕНО БИРО во Македонија кое од 1994 година ГОДИШНИТЕ СМЕТКИ за своите комитенти ги доставува, (во почетокот на компјутерски дискети, подоцна на ЦД, а сега електронски) во Централниот Регистар на Република Македонија и во Управата за Јавни Приходи.
Располагаме со најсовремени компјутерски системи и најквалитетни сметководствени програми, со пренос на базите на податоци од Вашиот компјутер кај нас, преку интернет.