ОД 14.07.2015 ГОДИНА ИЗНОСОТ НА РЕГРЕСОТ ЗА ГОДИШЕН ОДМОР МОЖЕ ДА БИДЕ И ПОМАЛ ОД МИНИМАЛНИОТ.
Само една ипол година по воведување на регресот за годишен одмор како задолжителен надоместок којшто им се исплатува на вработените во приватниот сектор со минимален износ од 40% од просечна месечна нето плата по работник во РМ исплатена во последните три месеци, на 14.07.2015 година следуваше нова измена на ОКДПС (Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството – „Службен весник на РМ“, бр. 119 од 14.07.2015 година) токму во одредбите за регресот од членот 35 став 1 алинеја 7. Во овој дел се внесоа уште две одредби со кои задолжителниот минимален износ на регресот станува нездолжителен за работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето.
Попрецизно, се предвидува можност да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од 40%од просечна месечна нето плата по работник во РМ исплатена во последните три месеци, доколку се исполнети следните услови:
1) да се работи за работодавачи кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја нивната економско – финансиска состојба,
2) да е извршена задолжителна претходна консултација со синдикатот на ниво на гранка односно оддел за можното намалување на износот на регресот и
3) со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација да е утврден регрес за годишен одмор во помал износ од 40% од просечната месечна нето плата по работник во РМ исплатена во последните три месеци.
Алтернативно решение: Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците.
Новите решенија во однос на регресот ја потврдуваат обврската за исплата на истиот и не го менуваат задолжителниот минимален износ, но го релативизираат условувајќи го со финансиската состојба на работодавачот и спогодбата склучена со претставниците на работниците.
ДА РЕЗИМИРАМЕ :
1.: Исплатата на регресот е ОБВРСКА за сите во ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, минималниот износ е 40% ОД ПРОСЕЧНО ИСПЛАТЕНАТА ТРОМЕСЕЧНА НЕТО ПЛАТА.
2.: Износот може да се намали кај оние работодавачи кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско – финансиската состојба, по претходна консултација и потпишана спогодба со синдикатот на ниво на оддел, односно гранка, односно со избран претставник на работниците.
3.:Исплатата се врши за оние работници кои имаат работен стаж подолг од шест месеци кај работодавецот и се исплаќа еднаш во текот на годината.
Во прилог Ви испраќам :
- Пресметка за исплата на К-15 за 2016 година.
(Оваа пресметка треба да ја потполните со податоци за вработените и да ја испратите на e-mail : unikont@gmail.com, немојте да извршите Replay од овој e-маил). Испратете ја од Вашиот е-маил, на unikont@gmail.com.
- ОДЛУКА за исплата на регрес за годишен одмор за 2016 година.
- ОДЛУКА за избор на претставник на работниците.
- СПОГОДБА за утврдување на регрес за годишен одмор за 2016 година.
- НАПОМЕНА : ОВИЕ ПРЕСМЕТКИ, ОДЛУКИ И СПОГОДБА ВИ СЕ ИСПРАТЕНИ НА ВАШИТЕ Е-МАИЛ АДРЕСИ.